Дескоска: Пропадна планот предметите на СЈО да немаат завршница

Завршен е трансферот на случаите „Специјалците.“.

Јавното обвинителство вчера ги презеде предметите од СЈО. Носењето на измените во Законот за ЈО, според Дескоска, веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО и нивниот трансфер во ЈО, но е потребно заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем.

Од Јавното обвинителството вчера информираа дека предметите се преземени и доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сѐ до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак изрази очекување дека Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.

„Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле“, рече Јовески.

За ВМРО-ДПМНЕ „насилното преземање на предмети од СЈО е надвор од закон, ќе креира анархија“.

„ Постапувањето на јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем. Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Извор: МКД.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top