Детали за пукањето во Арказас: Ранети двајца полицајци, напаѓачот зборувал неповрзани работи

Двајцата полицајци се ранети во пукањето во супермаркетот Волмарт во источниот дел на сојузната американска држав Арканзас, додека напаѓачот бил ликвидиран, соопштија официјалните лица..

Пукањето се случило во Форест Сити, 135 километри источно од главниот град Литл Рока.

На полицијата ѝ е пријавено дека еден маж им се заканувал на луѓето и дека зборувал неповрзани работи, соопшти шефот на полицијата на Форест Сити.

Тој додаде дека ранети се припадници на одделението за кривични истраги и дека ниту еден од нив не носел панцир.

Градоначалникот на Форест Сити, Седерик Вилијамс изјави дека благодарение на „брзата реакција и хероизмот“ на полицајците, никој од цивилите не е повреден, пренесе „АП“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top