ДЕЖА ВУ (И по Грујо 2004, Мицко 2019)

Фејсбук статус на Јове Кекеновски.

И по јавните изјави на Али Ахмети и на Артан Груби дека ,,Не им е во интерес Талат Џафери да биде времен извршител на функцијата претседател, туку да победи Пендаровски” има ли некој кој и понатаму им верува вмровските одработувачуте за СДСМ и ДУИ? . 
Историјата и постапките се повторуваат. И по Грујо 2004, Мицко 2019 година. 
Зошто по секоја цена се води губитничка политика? Зошто се врши предавство на партијата и постојано се манипулира членството? Зошто цензус по секоја цена?. Зошто со губитник, кога можеше со победник?

Недела навечер ќе биде веќе доцна за сите нас?. Ќе ги гледаме со наведнати глави и ќе немаат храброст да не погледнат во очи. Но, можно е да се случи и изглумена дрскост, па овие мали човечиња да ги дигнат главите и пак повторно безрамно да лажат и плачат. А ќе лажат и плачат само заради спас на сопствениот ,,газ” и нелегално стекнатиот имот. Во понеделник повторно ќе бараат начин како поубедливо да ја сокријат вистинската причина за одработувањето. 
Но, се се сведува на ,,Дежа ву".

П.С. Најверојано за две до три недели по завршувањето на изборите ќе се случи куклената претстава на партиските органи и тела, но тоа не е вистински и реален спас. Народот нема да опрости, а бидете сигурни дека егзекутор ќе биде оној за кој одработија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top