Ди Мариа: Младиот Мбапе ќе мора да прифати некои работи во фудбалот

Искусниот аргентински фудбалер Анхел Ди Мариа, зборуваше за француските медиуми околу односот на неговиот соиграч Килиан Мбапе, кој на последниот меч покажа фрустрација откако беше заменет од игра..

Мбапе по постигнатиот гол, беше заменет и имаше бурна реакција, па се натегаа со тренерот Тухел на аут линијата, по што потоа се смирија страстите и ситуацијата не ескалираше.

Но Ди Мариа се обиде да посочи дека младиот Мбапе мора да ги сфати и прифати работите такви какви што се.

„Никој не сака да излезе игра тоа е секогаш така, сите сакаат да играат повеќе. Килиан сака да постигнува голови, но тренерот одлучи по голот да го замени и тоа мора да биде испочитувано. На клупата исто така има дечки кои сакаат да играат и кои имаат квалитет, Килиан тоа мора да го разбере“, порача Ди Мариа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top