Дибала и Роналдо во клинч, Аргентинецот си оди

Двете ѕвезди на Јувентус, Пауло Дибала и Кристијано Роналдо влегле во тешка вербална пресметка која за малку не резултирала со тепачка, тврдат италијански медиуми..

Ситуацијата се случила на еден од тренинзите откако меѓу нив двајца долго време тлеела тензија. Неколку пати се обидоа да демантираат дека се во лоши односи, но сега се излегло на виделина.

Покрај тоа, Дибала е во конфликт и со тренерот Масимилијано Алегри и најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната. За него се заинтересирани Манчестер Сити и Јувентус, но ниеден од нив не нуди 100 милиони евра, колку што бара Јуве.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top