Диета со сладолед

Најидеална варијанта на сладолед е комбинација од јогурт со делумно обрано млеко и кашесто овошје, засладен со вештачки засладувач.

Самото име на оваа диета ќе привлече многу љубители на благото, а таа е идеална особено во летниот период за време на тропските горештини.
Најидеална варијанта на сладолед е комбинација од јогурт со делумно обрано млеко и кашесто овошје, засладен со вештачки засладувач. Ем не здебелува, ем лесно може да се приготви дома. Диетата со сладолед е посебно добра за оние кои не можат да му одолеат.

Појадокот
е ист за сите седум дена и се состои од чаша јогурт или млеко, две парчиња интегрален тост и мала лажица мармалад или мед.
Понеделник:
- Ручек:сладолед во корнет, банана или две праски
- Вечера:бело пилешко месо со зеленчук, зелена салата со маслиново масло и сок од лимон и две парчиња интегрален леб.
-Десерт:две топчиња млечен сладолед

Вторник:
- Ручек:чоколаден сладолед, две праски или две сливи
- Вечера: тестенини со свеж домат или босилок, житарици со мелко и салата од домати со маслиново масло.
- Десерт:две топчиња со шлаг

Среда:
- Ручек:овошен сладолед, две праски или две сливи
- Вечера:варена брокула, кромид и пиперка, печена пиперка зачинета со маслиново масло и две парчиња интегрален леб.
- Десерт:леден млечен напиток

Четврток:
- Ручек:сендвич - сладолед, банана или две праски
- Вечера:салата од 150 грама морски плодови, четири одрезоци од немасна печеница или варена шунка
- Десерт:овошна салата со топка овошен сладолед

Петок:
- Ручек:сладолед по избор, две резанки дињи или лубеница
- Вечера:бела риба на скара со магданос и малку масло, мешан зеленчук на скара и две парчиња интегрален леб
- Десерт:леден колач



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top