Дијаспората ќе гласа на предвремените парламентарни избори, но под еден услов

На претстојните предвремени парламентарни избори дијаспората ќе гласа доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи..

–„Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората“, појасни претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на денешната седница.

Како што посочи тој средствата кои се предвидени за оваа намена,  ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората. На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top