ДИК до 10 часот: Обработени 98,6 отсто од податоците, гласале 6,26 отсто

Според податоците од Државната изборна комисија поставени на веб страницата, излезноста до 10 часот во обработени 98,60 отсто од гласачките места е 6,26 отсто, односно гласале 111.554 гласачи..

Највисока излезност има во Прилеп – 11,01 проценти, потоа во Свети Николе 11, 48 %, Пехчево со 10,22%, Новаци 10,63%, Демир Хисар 10,12%, Македонски Брод со 10, 11 проценти.

Најниска излезност има во Липково 0,97%, Боговиње 1,79 %, Долнени со 1, 85%, Желино 1,82 проценти и Пласница 1,58 проценти од запишаните гласачи.

На првата прес конференција во ДИК беше соопштено дека на две гласачки места се забележани проблеми при отворањето. Едното е во Боговиње, каде почетокот на гласањето доцни еден час и во моментов тоа трае, и според законот ќе биде продолжено за онолку време за колку што доцни отворањето.

На едно гласачко место во Студеничани, гласањето денеска нема да се одржи, бидејќи се уште не е започнато, а почетокот доцни повеќе од три часа.

На останатите гласањето е мирно и без проблеми.

Следната прес конференција на ДИК ќе биде во 13.30 минути, со податоци за гласањето до 13 часот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top