Димитров: Aко нема цензус одлучува Собранието

Ако мнозинството граѓани на рефеенумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО а притоа го нема потебниот цензус тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во законодавниот дом..

Доколку пак има само еден глас повеќе кој е против референдумското прашање тогаш процедурата завршува. Ова се пораките кои ги испрати од пресконференцијата министрерот за надворешни работи Димитров на која јавно пред медиумите ги објаснуваше членовите од договорот  за кои се крена фама во јавноста  . 
Сепак Димитров порача дека со седење дома не се донесува одлука и дека одлучуваат само оние кои ќе излезат да гласаат.

„Ако има еден глас повеќе Не, ние ќе се поклониме и ќе кажеме Оваа работа не поминува. Само тие што гласаат може да влијаат на таа одлука. Ако мнозинството каже, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено в предвид, но ситуацијата ќе се врати во Собранието.“ - изјави Димитров.

По однос на уставните промени пак Димитров потенцираше дека тие не се однапред напишани и дека Собранието е единственото меродавно тело кое ќе треба да ги направи откако претходно за да го отвори процесот потребно е да обезбеди 2/3 мнозинство на пратеници. Промените во преамбулата пак како што појасни се однесуваат само во делот на АСНОМ каде ќе бидат поединечно навеени сите конкретни одлуки кои до сега не биле наведени. По однос на договорот исто така дообјасни кои се придобивките од истиот.

„Поетните на четирите уставни амандмани се: Првиот се однесува на географската одредница северна кон името Македонија. Втортиот се однесува да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претенции што е дел од спогодбата. Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собранието“ - изјави Димитров.

Преспанскиот договор беше потпишан на 17 јуни годинава и истиот претставува замена за Привремената спогодба која беше потпишана меѓу Македонија и Грција во Њујорк на 13 септември 1995 та . Според него формалното име на земјата треба да биде Р.Северна Македонија со што пак Грција ќе го признае државјанството  како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се согласува официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top