Димитров денеска на испит кај Милошоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа во студиото на телевизија Алсат потврди дека денеска ќе учествува на собраниската Комисија за надворешна политика за да даде отчет, односно извештај по недобивањето на датум за преговори од Брисел.

Се очекува жестока расправа со поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, кој е актуелен претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика. Опозицискиот пратеник побара Димитров да се обрати пред Комисијата по недобивањето на датум за отпочнување преговори со ЕУ, а министерот ја прифати фрлената ракавица.

Милошоски смета дека Димитров има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината и очекува дека за ова обраќање во Собранието ќе има голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. Милошоски после тоа најави можна интерпелација за ДИмитров.

„Мисијата треба да си ја дозавршам. Да се дигне раце има логика само ако тоа води кон целта. На Милошоски да му ја оставиме надворешната политика да не врати на тесното сокаче?“, рече Димитров синоќа во „Емисија 200“. 

Тој заедно со Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, вчера даваа отчет во Собранието за Комисијата за европски прашања пред гости од меѓународната политика, а Милошоски и опозициските пратеници реагираа дека седницата е претворена во слуга на Владата на која се сервираат само пародии

- Дали е постигната целта за која Македонија плати превисока цена? Не е постигната. Наместо оставки и понесување на моралната одговорност, денес Османи и Димитров уште еднаш ќе ви понудат манипулативни објаснувања. Тие ќе се откажат од своите изјави за добивањето на датум за преговори, но нема да се откажат од своите министерски фотелји, рече Милошоски од говорницата пред напуштањето на седницата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата со изговор дека нема да седат на седница „со оркестрирани аплаузи“. Милошоски рече дека собраниската Комисија за надворешна политика е закажана за денеска на која, според него, ќе следува вистинска дебата. Димитров од го0ворницата потоа рече дека опозиијата не може да поднесе седница која не ја контролира со свој пратеник за претседател на истата.

- Денес не би сакале да ја расипеме вашата провладина забава. Утре сте поканети на вистинска расправа, рече Милошоски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top