Димитров: Ќе згрешам ако на брзоплетост одговорам брзоплето

Министерот за надворешни работи, Никола Димитов, за изјавата на преговарачот за името Васко Наумовски, рече дека некои работи треба да се преспијат и одби да даде конкретен коментар..

-Ќе згрешам ако на брзоплетост ќе одговорам брзоплетост – рече Димитров, порачувајќи и на опозицијата „да не игра игри со ова прашање“.

За Васко Наумовски рече дека тој е предложен од претходната влада и е именуван од претседателот на Република Македонија.

-Наследивме и многу кои што не се кариерни дипломати, кои што се политички пратени од нашите претходници. Многу е лесно да се дигне раце, тешкото е и мислам дека нема поголема патриотска должност од сите кои сме вклучени да го туркаме процесот напред  -рече Димитров.

Димитров смета дека за Македонија ќе биде многу подобро да имаме опозиција со почесна визија за иднината на Македонија.

-Она што мене ме прави скептик е што ова прашање беше многу злоупотребено – рече Димитров, наведувајќи го наративот дека целата тригодишна криза била поради спорот со името.

За референдумот, Димитров рече дека тоа е изборно ветување, но дека се уште не сме стигнале до таму.

-Ние сакаме наместо расправа кој има пославни победи и порази во историјата, Балканот да стане регион каде ќе се натрпеваруваме во иднината, во ракомет, во здравство, во математика… Мора Балканот да крене глава и тоа оди рака под рака со градење силни институции – рече Димитров.

Министерот ја објасни и разликата помеѓу предлог и рамка за името.

-За разлика од предлог, прво формата, кој што е дециден на пример за име кое што ќе се употребува во меѓународни организации. Предлогот главно предизвикува прифаќање или одбивање, во минатото често двете страни одбивале или едната прифаќала, а другата одбивала. Кај рамка е само повик страните фокусирано да разговараат. Има поголема флексибилност, не е до крај прецизна, може да има илустративни примери – објасни Димитров.

Тој порача дека треба да бидеме внимателни во изразувањето на очекувањата, бидејќи имаме одговорност за нашите постапки, за нашиот приод.

-Имаме одговорност да градиме што е можно поширок консензус. Консензус за што ни е важно и тоа да си го заштитиме – рече Димитров, но одби јавно да зборува за црвени линии.

Димитров рече дека  за секој политичар е најлесно да го остави така ова крупно прашање и да се биде херој.

-Јасно е дека ние ќе бидеме Македонија. Поранешна Југословенска Република не е достоинствена референца. Ако ја извадиме пресудата, чукаме на маса и почнеме процес на обвинување, многу тешко ќе дојдеме до целта да бидеме сојузници. Ако сакаме оваа разлика да ја надминеме на европски начин ова не треба да биде проблем и не треба да има ексклузивитет. Промена на името би значело доколку ние немаме Македонија, а се друго дури и во ПЈРМ си постои терминот Македонија. Тој страв не треба да постои, кој е тој што може тие работи да ги загрози – рече Димитров.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top