Димитров: Македонија се надева дека направи доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори

Во изјава за Ројтерс, тој вели дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлогот на Македонија, таа држава да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела..

– Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името, изјави Димитров.

Според него, до членство во НАТО треба да се стигне со преговори. Димитров вели дека е потребно „Атина да ја види Македонија како сојузник…На долг рок тоа е и во интерес на Грција да има сосед држава во која владејат закони, изјави Димитров.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top