Димитров: На каков јазик зборувате во Македонија? Не зборуваме, скарани сме

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на саркастичен начин ја доловува атмосферата на поделеност во Македонија по однос на договорот постигнат со Грција..

„На каков јазик зборувате во Македонија? Не зборуваме, скарани сме“, напиша Димитров на фејсбук откако договорот предизвика бура од емоции кај дел од населението исплашено дека се загрозени националниот идентитет и културните вредности на нацијата.

Претходно на комисиската расправа за ратификација на договор, Димитров одржа говор кој остави голем впечаток кај јавноста.

-За една митологија, си ја жртвувавме реалноста. Денес ја жртвуваме таа митологија, за да си ја добиеме реалноста – порача тој.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top