Димитров: Никој не рече дека ќе биде лесно

Фејсбук статус на министерот за надворешни работи, Никола Димитров..

Министерот за надворешни работи во Владата на Македонија, Никола Димитров,се огласи на Фејсбук по вчерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во која поради основани сомненија беа приведени Бојан Јовановски познат како Боки 13.

– Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи. 

Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. 

Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно – стои во дел од објавата на министерот Димитров на Фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top