Димитров: Реформските процеси имаат далекусежна мисија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Европскиот парламент во Стразбур имаше излагање во рамките на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, Република Македонија - Европска унија..

МНР соопшти дека тој ја реафирмирал приоритетната цел во односите со Европската Унија - почеток на преговорите за пристапување во Унијата, подвлекол дека реформските процеси во Македонија имаат долгорочна и далекусежна мисија.

„Посветени сме на изградба на стабилно и просперитетно европско општество во кое медиумите ќе бидат слободни, ќе владее правото и функционален систем на „спреги и кочници. Целта на реформите е да овозможат суштинска трансформација“, рекол Димитров.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top