Димитров во посета на Косово, оптимист дека прашањето за даноците ќе се реши наскоро

Одлуката министерството за трговија и индустрија на Косово да ги покачи даноците до 30 проценти за земјоделските производи кои влегуваат во Косово, вклучувајќи ги и оние од Македонија, ги алармираше властите во Македонија.

По средбата со неговиот колега од Македонија, Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека проблемот со царинските давачки ќе се реши.

„Голема чест ми е што овде со мене е мојот колега. Тој во име на институцијата кој ја претставува, му помагаше на Косово на секој состанок. Ние со Македонија имаме традиција на добри односи и сме потпишале многу договори. Косово е пријател на Македонија и во тој правец ќе продолжат  билатералните односи. Првата владина средба се очекува да се одржи во септември оваа година“, вели Пацоли.

Македонскиот министерот за надворешни работи, Никола Димитров, рече дека прашањето за царинските даноци ќе се реши наскоро.

„Јас и ние како Влада сме убедени дека доколку немаме добри соседи, ниту ние не можеме да бидеме добри. Секоја добра вест за Косово е добра вест и за Македонија. Убеден сум во новите политики на Балканот. Во рамки на берлинскиот процес, ќе работиме во врска со економските мерки и трговските бариери и тоа е единствениот начин за заштита на домашните и странските производи. Многу наскоро верувам дека ќе го решиме ова прашање“, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи, Димитров, се сретна и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и со претседателот на Собранието, Кадри Весели.

Извор: ТВ21


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top