ДИМИТРОВ ЗА РОЈТЕРС: ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО ЌЕ ОДИ НА РЕФЕРЕНДУМ

За името ќе се одржи референдум, најави во интервју за Ројтерс министерот за надворешни работи на Македонија, во рамките на новиот обид на соседната земја да влезе во западните институции..

„Во меѓувреме, ПЈРМ и Бугарија се договорија за текстот на договорот за пријателство чие потпишување има за цел да ги реши историските несогласувања кои предизвикуваа тензии. Затегнатите односи со својот голем источен сосед, со кој дели заеднички историски, културни и лингвистички врски, ги спречуваа и така замрзнатите напори на ПЈРМ за влез во НАТО и ЕУ. Сепак, клучниот проблем кој ги поткопува овие аспирации е отвореното прашање за името“, пишува „Катмерини“ и додава дека Димитров во интервјуто „ја повикал Атина на нов почеток со ПЈРМ“.

„Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате. Ако сакате да имате европска демократија раководена од владеење на правото, сега е моментот да ни помогнете и можеби да ни допуштите да влеземе во НАТО под привремената референца. Тоа би значело инвестирање во подобра клима каде би било можно решавање и на најголемите проблеми“, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Димитров.

Во Грција се коментира дека шефот на македонската дипломатија бил „внимателен“ околу можниот одговор на Грција и истакнал дека не треба да се очекува брз напредок.

„Не мислам дека можеме да постигнеме нешто преку ноќ. Тоа ќе биде процес чекор по чекор“, објаснил Димитров, а пренесуваат грчките медиуми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top