Директорот на албанската разузнавачка служба тврди дека земјата е мета на Русија

Директорот на Разузнавачката агенција на Албанија (ШИШ) Хелидон Бендо ја обвини Русија дека се обидува да го прошири своето влијание врз таа држава..

Албанските медиуми пренесуваат дека Бендо тоа го кажал во албанскиот парламент, но дека притоа не прецизирал дали Москва во тие напори стигнала до повисоките албански политички структури.

„Податоците од 2018 година покажуваат дека има сѐ повеќе руски обиди да го прошират своето влијание во нашата земја“, тврди Бендо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top