Директорот на ЦИА тајно се сретнал со Ким Џонг Ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, тајно отпатувал во Северна Кореја за време на велигденските празници за да се состане со лидерот на оваа земја, Ким Џонг Ун, и да ги договори деталите околу неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп..

Два извори кои знаеле за патувањето ги споделиле овие информации со Washington Post, додека останатите медиумски куќи во САД велат дека официјални лица од владата потврдиле дека ова патување се случило.

Патувањето доаѓа набрзо откако Мајк Помпео беше номиниран за Секретар на државата. ЦИА не излезе со потврда за ова патување и за состанокот на Помпео со лидерот на Северна Кореја, но доколку во наредните неколку дена тоа биде потврдено, тогаш овој состанок ќе претставува средба на највисоко ниво помеѓу овие две земји уште од раните 2000-ти, кога тогашниот Секретар на САД, Меделин Олбрајт се сретна со Ким Џон Ил, таткото на Ким Џонг Ун. Исто така, тоа би била првата средба на Ким Џон Ун со било кој претставник на западните земји.

New York Times исто така објави дека Мајк Помпео се сретнал со севернокорејскиот лидер, а само неколку часа пред оваа вест да биде објавена, Трамп навести дека САД и Северна Кореја имале состанок на високо ниво.

„Почнавме разговори директно со Северна Кореја. Имавме директна средба на многу високо ниво, екстремно високо ниво, и навистина верувам дека многу добри работи можат да излезат од оваа ситуација“, рече Трамп.

Доналд Трамп е голем оптимист дека односите помеѓу САД и Северна Кореја конечно ќе бидат исправени, но даде и силна поддршка за средбата помеѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја, кои би требало да се сретнат на 27 овој месец.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top