ДНК профилот од родителите на Дениса пристигна во Атина

Од резултатите на споредбата ќе зависи и текот на истрагата..

Најдоцна до понеделник ќе се знае дали има поклопување на ДНК профилот на таткото на Дениса Маркоска, со оној на пројаденото тело, со што ќе се открие и идентитетот на мртвата девојка за која постои сомнеж дека е исчезнатат прилапчанка. МВР преку Интерпол добиле и официјално известување дека  профилот од таткото на исчезнатата Дениса пристигнало  во Атина. Интерпол нема должност да ја извести македонската полиција за резултатите од споредбата, но поради добрата соработка од МВР се надеваат дека ќе бидат невреме известени дали се работи за Дениса. 

Од резултатите на споредбата ќе зависи и текот на истрагата. Доколку се работи за Дениса тогаш тамошното обвинителство ќе треба да каже како ќе продолжи истрагата , односно дали девојката е убиена,  дали се работи за самоубиство или пак за несреќен случај. Во другиот случај пак,  доколку телото не е на исчезнатата 23 годишна прилепченка, тогаш таа најверојатно ќе биде прогласена за исчезната.

Вчера АЛФА објави дека пред да исчезне,  Дениса разговарала со засега непознато лице на палубата на бродот, на кое му рекло дека ќе оди до тоалет и ќе си легне. Од тогаш на Дениса и се губи секаква трага, а за нејзиното исчезнување се дознало дури утрото. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top