До крајот на месецов целосно обновување на производството на нафта во Саудиска Арабија

Саудиската државна нафтена компанија „Арамко“ објави дека производството во нејзиниот најголем објект „Абкаик“, оштетен при неодамнешниот напад со беспилотно летало, ќе биде целосно обновено до крајот на септември..

Саудиските власти денеска организираа посета на новинарите на постројките  „Абкаик“ и „Кураис“ погодени од беспилотни летала и ракети, што предизвика потрес на глобалниот пазар на нафта.

Абкаик има капацитет да произведува до седум милиони барели на ден, од вкупното производство на Саудиска Арабија, кое во јули изнесуваше 9,65 милиони. Кураис има капацитет од околу еден милион барели нафта дневно и неговите резерви се проценуваат на 20 милијарди барели.

Тоа нафтено поле постојано често беше мета на милитантни групи. Бомбаши-самоубијци од Ал Каеда тврдат дека се обиделе, но не успеале да го нападнат комплексот во февруари 2006 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top