Додека е Јанева отсутна, СЈО не може да работи

Само специјалниот обвинител може да ги потпишува актите во СЈО, па така ова обвинителство не може да работи непречено доколку Катица Јанева како нејзин шеф е отсутна и не се знае каде е, објави СДК..

Јанева е на боледување од 16 јули, односно откако си даде оставка и изби аферата „Рекет“, а како што објавува СДК, никој не може да биде овластен во нејзино име да ги потпишува документите.

Таа не одговара ни со соопштение за нејзиното отсуство, односно се нема се уште голасено во јавноста а нема ниту најави кога повторно ќе се врати на работните обврски, што значи дека практично СЈО како институција е на некој начин парализирана.

Јанева е во оставка, но истата не е официјално поднесена, а мандатот и истекува на 15 септември. Во случајот „Рекет“ од неа е одземен мобилниот телефон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top