Доделени наградите на конкурсот за најдобра песна и расказ во Австралија „Ванчо Николески 2018“

Во саботата на 23 февруари Македонското литературно друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан, Австралија на свечен настан со пригодна програма ги додели наградите наконкурсот за најдобра песна и расказ за 2018 година..

На свечениот настан друштвото го прослави и својот втор роденден. Огромен број на љубители на пишаниот Македонски збор присуствуваа на на овој свечен настан што се одржа во полната сала во Македонскиот Центар "Св Пророк Илија" во Квинбијан. Имаше гости од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. Според кажувањата на писателите и поетите ова беше најпосетена манифестација од ваков вид во Австралија.  На програмата покрај писателите, со свои интерпретации учествуваа културно уметничкото друштво "Разиграна Македонка" од Квинбијан, ученици од Македонското училиште од Канбера и локални музичари.

Управата на друштвото им упатува честитки на на добитниците на наградите и учесниците, со верба дека ова е голем поттик за понатамошно, долготраjно творење, ширење на македонскиот пишан збор и вредна книжевна култура и традициjа. На конкурсот учествуваа девет автори со 44 трудови во четири категории и тоа: 21 песни за возрасни, 15 песни за деца, 5 раскази за возрасни, 3 раскази за деца.

За прв пат во Австралија е испечатена збирка песни и раскази од награден конкурс на литературно друштво. Литературното друштво испечати збирка од 170 страници од поднесените трудови за наградниот конкурс за 2018 година, како и фотографии од активностите на друштвото. Компјутерската обработка и техничкото уредување на збирката беше направено од м-р Јовица Ѓоргоски, уредник и иницијатор е Наум Трајчески и уредник Билјана Петрова.

Благодарност до сите учесници, спонзори, организации и поединци за несебичната помош во издавањето на ова дело и во организацијата на овој прекрасен настан.

Напорите на малата македонска заедница од Квинбијан и Канбера се одличен пример како заедницата може да се организира и успешно да го реализира конкурсот како и овој настан со кој се промовира македонската културна и книжевна традиција.

Доделени беа следниве нгради:

НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА ЗА ВОЗРАСНИ за 2018 
Поради големата конкуренција стручното жири за оваа категорија се одлучи да награди по двајца за сите три награди а тоа се следните:

Прва награда

Ако одам во Битола од Љубица Поповска, Мелбурн, Викторија и

Не сум ти раат од Емил Попорданоски – Карлтон, Викторија

Втора награда

Мила од Ристо Ристески – Квинбијан, Нов Јужен Велс (НЈВ) и

Војводата Христо Узунов од Велика Гатсис -  Квинбијан, НJВ

Трета награда

Нежност од Дијана Пупалевска Мицалевска – Ресервоир, Викторија и

Дај боже од Велика Блажевска -  Јагуна, НJВ

НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА ЗА ДЕЦА за 2018

Прва награда - Мајка од Гордана Димовска - Кеилор Деонс, Викторија

Втора награда - Близначиња од Гроздан Јовановски – Њукастел, НЈВ

Трета награда - Есен од Ристо Ристески – Квинбијан, НJВ

НАЈДОБАР РАСКАЗ ЗА ВОЗРАСНИ за 2018

Прва награда - Од Скопје до Истанбул преку камениот мост од Снежана Димитровска - Канбера

Втора награда - Мајчина прегратка од Гордана Димовска - Кеилор Деонс, Викторија

Трета награда - Лекција од Љубица Поповска - Мелбурн, Викторија

НАЈДОБАР РАСКАЗ ЗА ДЕЦА за 2018

Прва награда - На ливада од Љубица Поповска - Мелбурн, Викторија 
Втора награда - Немала среќа лисицата од Велика Гатсис - Квинбијан, НЈВ

Трета награда - Темјанушка од Гордана Димовска - Кеилор Деонс, Викторија

Јовица Ѓоргоски

Секретар на Македонско литературно друштво "Ванчо Николески"



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top