Додик: Немам план за отцепување на РС, но не е исклучено тоа да се случи

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, рекол дека нема план за отцепување на Република Српска, но не ја исклучил можноста тоа да се случи..

„Таа приказна за отцепување е можност која не ја исклучуваме, но ние го преферираме Уставот и тоа што пишува во него. Ние можеме да ја прифатиме БиХ со нејзиниот Устав, а тогаш ни доаѓаат странци, кои тука управуваат со години и велат: тоа не важи, дека мораме да направиме аранжмани“, изјавил Додик.

Запрашан дали не пристапува кон отцепување на РС, затоа што нема поддршка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој одговорил: „Дали го прашавте?, а потоа навел дека Вучиќ е секако против какво било нарушување на територијалниот интегритет на БиХ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top