Додик: Србија и РС ќе бидат заедно во државна и територијална смисла

Тој изрази верување дека ќе дојдат нови генерации кои ќе читаат книги, мемоари и ќе знаат што се случило тука..

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави синоќа во Нови Сад дека Србија и Република Српска во овој век ќе бидат заедно во територијална и државна смисла.

- Верувам дека во овој век српскиот народ поради страдањата во минатото ќе има право да биде заедно и тоа е сосема природно, истакна Додик во новосадската населба Ветерник по повод одбележување на Денот на сеќавањето на сите настрадани и протерани Срби во акцијата на хрватските воени сили „Бура“.

Додик нагласи дека „Србите мора да се осврнат кон животот, мора да направат се за да бидат заедно и помногубројни, мора повеќе да се работи и да се верува во Србија, во Република Српска и во српскиот народ“. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top