Дојава за бомба и евакуација во трговски во Москва

Над 4.000 луѓе се евакуирани од трговскиот центар „Авиапарк” во Москва, по лажна дојава за бомба..

„Меѓу 4.000 и 6.000 луѓе се евакуирани од трговскиот центар „Авиапарк“. Беа евакуирани поради бомба”- изјави официјален претставник.

Според информациите на „Интервакс“, по примен анонимен повик од зградата се евакуирани луѓето и се проверени сите простории.

Евакуирани беа  и  автомобилите од подземниот паркинг на трговскиот центар. 

Трговскиот центар „Авиапарк” е еден од најголемите во Европа. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top