Дојде денот на големата промена и новото правило во ЛШ

Дојде денот во кој ќе стапи на сила новото правило во Лигата на шампионите, со што сигурно веќе ништо нема да биде како порано..

ЛШ пред неколку месеци потврди дека од оваа сезона, од осминафиналните пресметки, ќе го воведе ВАР системот, за да може да има поквалитетна арбитража во сензибилните натпревари и борбата во елиминационата фаза.

Вечерва на програмата се првите два меча од осминафиналето во ЛШ, Рома на домашен терен го пречекува Порто и мечот каде ќе биде најинтересно, Манчестер Јунајтед против ПСЖ.

Несомнено дека новитетите со ВАР се во исчекување да се видат како ќе делуваат, затоа што во ЛШ досега немаше такви моменти.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top