Дојде време кога ќе треба сите да се обединиме

Фејсбук статус на Игор Цветковски..

По некогаш некои работи ни изгледаат многу поинаку од што се.
Во последно време сум мета на многумина и притисокот по некогаш едвај го издржувам но нај тешко е кога ке бидеш нападнат со евтини зборови кој те купи и што ти ветија.
Еве јас ви кажувам што е моето мото и за што се борам јас.
Јас се борев од како памтам за Македонија и МАКЕДОНЦИТЕ зашто така сум воспитан од моите претци.
Мене земја или моќ не ми се потребни а нај малку било каква Функција поради тоа што јас работам во две фирми која едната фирма е моја и јас не можам ни тука да постигнам сам а не да се нафатам на било каква функција која би требало секако време.
Затоа ве замолувам сите до еден вие таквите како мене што сте да застанете гордо и да му ја дадете подршка на Нашиот претседател зашто тој ја заслужува таја доверба и не е ни малку крив за било што да не би му ја дале довербата!!!
Знам дека сите не се како нас но знам дека нај големиот дел на ВМРОВЦИ се во нашата партија од патриотски причини.
Исто така знам дека мал дел не се како нас но тие се мал дел и знам дека ке ги победиме.
Моето животно искуство во борбата за ВМРО тргна од малите нозе и запознав многу ВМРОВЦИ КОЈ МИ СЕ ДЕН ДЕНС ИДОЛИ.
Во далечната 2005 им реков да се бориме внатре партиски и да дојдеме до саканиот резултат но беа кратки и јасни,ми рекоа не изморени сме стари сме доста е борба дадовме све што имавме немаме ни за леб со што да се бориме!?
И за што?
Ги сакав премногу и не можев да ги терам на сила нешто да правиме а и не бевме навикнати во таква атмосфера да работиме на сила нешто зашто секогаш работевме све од љубов.
И така дојде денот кога решив да заминам во Швајцарија да би заработил некој денар да би можел да се борма но и кога заработив немав со кого чекав некој да ми се јави и да ме побара за борба но немаше ниеден таков.
Послем неколку години едно утро ми звони телефонот во раните часови и ми вика мојот сакан и мил чичко како си?
Кога го слушнав неговиот глас не знаев што да кажам и што треба да го прашам зашто знаев дека не е што би рекле старите на Арно.!
Велам чичо кажи!?
Абе твојот војвода е затворен!
Од кого чичо?
Од нашите!
Зашто?
Не знам Тачно но за шпионажа!
Реков не тоа не е можно се насмеав и ми одговори чичо да јависе кај него дома.
Кога се јавив слушнав треперлив глас и ми рече да така е но ова не е вистина!
Знам дека не е и знам што треба да правам ги охрабрив и бев во постојан контакт и успеавме да се избориме но сите заедно како секогаш.
Да не должам како сме се собирале координирале и како сме делувале многумина веќе знаат.
Ова ви го кажувам само поради една причина а тоа е дека само заедно сите ние можеме да победиме све што ке ни застане на нашиот пат и сите ние ке си го најдеме нашето место што сме го заслужиле.
Знам дека многумина се доведени до искушението дали да го фатат правецот лево или десно но знајте ние имаме еден правец и не знаеме за друг.
Затоа барам сите заедно да се бориме све додеак не го исчистиме последниот предавник!
Може би некој ке се препознае можеби ке му пренесат зашто ме има блокирано поради неговите прљави игри.
Но знаете секогаш ке победуваме све додека се бориме чесно.
ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ! 
ВЕ ПОЗДРАВУВАМ!
ВМРО СМЕ НИЕ!
Смрт за предавниците!!!
САМО ЕДНО ВМРО ПОСТОИ!!!
Сите заедно можеме!


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top