Домашни рецепти за здравје и убавина на д-р Оз

Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со домашните рецепти на д-р Оз..

Кој вели дека ви е потребен медикамент за секој проблем кој го имате? Понекогаш, домашниот лек кој ќе си го подготвите сами, може да направи да се чувствувате подобро за многу кусо време. Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со овие домашни рецепти на д-р Оз.

Мигрена

Доколку сте склони на главоболки, пробајте да ги излекувате со етерично масло од пеперминт, кое е природно, евтино и лесно решение. Протријте неколку капки на вашите слепоочници и оставете пеперминтот да делува 15-30 минути. Антивоспалителното дејство на ова етерично масло, ќе ги смири вашите нерви.

Подуеност

Чајот од глуварче е одличен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода која ја задржал вашиот организам. Тој исто така ѝ помага на жолчката да ги разгради мрсните јадења, кои исто така подуваат. Доколку го имате овој проблем со стомакот, почнете да пиете по една шолја чај од глуварче дневно.

Болки во грбот

Пробајте да си ја олесните болката во грбот со ледена мента масажа. Масажата, етеричното масло од пеперминт и мразот се докажани противници на болката. Наполнете една хартиена чаша со вода и капнете неколку капки етерично масло од пеперминт и потоа ставете ја во замрзнувач. Откако ќе се смрзне мешавината, отстранете ја хартиената чаша и замолете некој да ви го измасира грбот со вака подготвениот мраз.

Воспаление на грлото

За да ја намалите болката во вашето грло или да ја смирите лошата кашлица, можете да си направите ефикасен сируп со состојките од вашата кујна. Помешајте ¼ лажичка црвен пипер, 1 лажичка јаболков оцет, 2 супени лажици вода и една лажичка мед.

„Смрзнување“ на мозокот

Во моментот кога ќе почувствувате дека ви „смрзнува“ мозокот од консумирање нешто ладно, поставете го јазикот на „таванот“ од усната шуплина. Топлината од вашиот јазик ќе ви ги смири нервите и ќе ја отстрани болката побрзо.

Проблеми со спиењето

Наместо да пиете апчиња за спиење кои имаат разни нус појави, консумирајте цреши, кои содржат убава доза на природен мелатонин, кој го помага квалитетното спиење. Пред спиење напијте се една чаша сок од кисели цреши и легнете да спиете мирно.

Нерамна кожа

Сакате вашата кожа да сјае? Не барајте подалеку од вашиот фрижидер. Помешан со масло од соја, мајонезот може да ја врати еластичноста на вашата кожа. Па, намачкајте се и омекнете ја вашата кожа.

Болки во мускулите

Синото сирење делува како ладна терапија, која го намалува воспалението и болката во мускулите. Можеби нема да ви се допаѓа, но обидете се да нанесете едно парче на кожата кај што ви се воспалени мускулите. Ќе се изненадите од резултатите.

Оштетена коса

Маслиновото масло ја омекнува вашата коса и ја прави сјајна. Незаситените масни киселини ја заштитуваат вашата коса, правејќи ја помека и лесна за чешлање. Нанесете маслиново масло на косата и покријте ја со капа за бањање. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top