Доналд Трамп размислува да ги вооружи наставниците

Доналд Трамп изјави дека го разгледува предлогот за носење скриено оружје од страна на обучени вработени во училиштата како одговор на убиствата во кампусот..

На состанокот со ученици и родители погодени од училишни престрелки, Трамп реагираше со повик да се вооружаат наставниците и други вработени во училиштата за да можат да реагираат пред да пристигне полицијата.

Претседателот рече дека верува дека предлогот може „да го реши проблемот“ на училишните престрелки, со тоа што потенцијалните напаѓачи убаво ќе размислат и истакна дека некои пилоти од авиокомпаниите носат скриени оружја по нападите на 11 септември 2001 година.

„Во просек еден напад трае околу три минути, потребни се пет до осум минути за одговорните, полицијата да дојде и нападот е завршен“, рече Трамп, пренесе Индепендент.

„Ако имате наставник кој е вешт со огнено оружје, би можел брзо да го заврши нападот“.

Трамп призна дека предлогот е контроверзен.

„Секако, дека е контроверзна, но ќе ја проучиме заедно со многу други идеи“, им рече претседателот на гостите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top