Дончев: Случајот со Валерија покажува до кој степен е изгубена довербата на граѓаните во здравствениот систем

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев во интервју на ТВ Телма, изјави дека грачаните ја губат довербата во македонското здравство.

Случајот со седумгодишната Валерија од Штип и барањето донации за помош од самите родители за нејзино лекување во странство, покажува до кој степен е изгубена довербата на граѓаните во здравствениот систем и институциите, изјави вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев во интервју на ТВ Телма.

Тоа не би било така, рече тој, ако половина од средствата за фасади и споменици во „Скопје 2014“ беа потрошени во нашите здравствени капацитети.

– Граѓаните имаат изгубено доверба и во условите во кои се вршат одредени тешки и сложени хируршки интервенции, што јас го разбирам. Колку се инвестира во здравството, толку здравството ви враќа, рече Дончев.

Појасни дека процедурата за лекување во странство е сложена но не е ненадминлива и соопшти дека за оваа година до Фондот се пристигнати околу 270 барања за лекување во странство, од кои 210 се одобрени.

– Сумата на пари кои ќе се одвои за лекување во странство ќе биде меѓу 7 и 10 милиони евра оваа година, рече Дончев.

Јавноста, како што рече, не секогаш е запозната со случаите за лекување и треба да се прави разлика меѓу апелите за помош до јавноста кога процедурата во Фондот се уште не е завршена, како случајот на малата Валерија, и случаи каде што од кои било причини Фондот не го одобрил барањето, па родителите се принудени сами да бараат помош од јавноста



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top