Донев: Ќе ги вратам парите што се плус од економската до бизнис класа

Директорот на агенцијата за туризам, Александар Донев, кој во изминативе два дена беше предмет на критики од јавноста поради користењето на бизнис класа на летот до Буенос Аирес, денеска изрази жалење поради неговиот избор – пренесува „Телма“..

– Јас ќе ги вратам парите што се плус од економската до бизнис класа.Не знам административно тоа ако може да се среди, не знам дали е досега направено кај нас.За се има првпат. Би покрил некои од наредните трошоци од приватен буџет, ќе најдеме начин затоа што верувам дека тоа е исправна одлука. – вели Донев.

Авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 отсто поскапа од онаа во економската, односно економската чинела 180 000 денари, а бизнис околу 220 000. Донев доплнително ќе одлучи на каков начин ќе ја врати разликата во средствата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top