Дони ван де Бек го воодушевил Солскјер по дебито за Јунајтед

И покрај поразот на Манчестер Јунајтед од Астон Вила со 0:1 во вчерашниот пријателски натпревар, Оле Гунар Солскјер е задоволен од играта на дебитантот Дони ван де Бек..

Јунајтед овој меч го одигра без некои важни играчи како Бруно Фернандес, Давид Де Геа, Пол Погба и Антони Марсијал, но затоа во тимот се најде новото засилување од Ајакс.

„Дони можеби беше најголемиот плус на теренот. Одличен е во пронаоѓањето простор и креира време за себе со правовремени влегувања и движења. Бев многу среќен со неговата игра“, изјави Солскјер кој на голот на местото на Де Геа го постави Дин Хендерсон.

„Дин покажа авторитет на голот и играше како вистински голман на Манчестер Јунајтед“, додаде Солскјер.

Јунајтед својот прв меч во Премиер лигата ќе го одигра против Кристал Палас следната сабота, откако „Црвените ѓаволи“, исто како и градскиот ривал Сити, добија нешто повеќе денови за одмор поради настапите во Европа и доцниот завршеток на сезоната.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top