„Доријан“ стигна до Канада

Ураганот „Доријан“ стигна до брегот на Канада, носејќи со себе силни дождови и ветришта. Без струја се останати повеќе од 300.000 луѓе..

Невремето пристигна во Канада еден ден откако направи пустош во Северна Каролина.

Жителите на Нова Шкотскса се подготвиле за силните дождови и можните поплави.

„Ројтерс“ наведува дека властите ги повикале сите оние кои живеат близу брегот да се евакуираат и дека штом ќе пројде ураганот, ќе се активира и воската да помогне во санирање на штетите.

Во Нова Шкотска без струја се останати повеќе од 300.000 луѓе. Нема информации за повредени  луѓе за време на бурата.

„Доријан“ минатата недела ги опустоши Бахамите, уништени се околу 60 проценти од територијата на оваа земја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top