Досега 40 загинати во пожарите во Калифорнија

Големи пожари за зафатија Калифорнија.

Во пожарите што го зафатија северниот дел на Калифорнија загинале 40 луѓе, соопштија локалните власти, наведувајќи дека над 10 илјади пожарникари се борат со 17 пожари на подрачјето од каде што се евакуирани околу 100 илјади луѓе. 

Во пожарите биле уништени 5.700 куќи и деловни простории. Околу 200 луѓе се водат како исчезнати. Пожарите избувнаа на 8 октомври откако Калифорнија годинава ја зафати голема суша.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top