Доста беа импровизации: На Олд Трафорд подготвени да кешираат 100-ка за идната ѕвезда

Англискиот клуб Манчестер Јунајтед, е подготвен да преговара со Борусија Дортмунд и идното лето да им искешира неверојатни 100 милиони евра, за потписот на тинејџерската сензација, Џејдон Санчо..

Младиот фудбалер кој плени со своите игри, се повеќе им се допаѓа на луѓето во Манчестер, кои нема да жалат пари за да го доведат кај нив и тој да го облече црвениот дрес, но сигурно нема да бидат единствени кои ќе го ловат овој талентиран фудбалер.

Црвените ѓаволи биле повеќе од подготвени да ја прифатат барата 100 милионска сума и Санчо од идното лето да стане ѓавол.

Санчо две години во Дортмунд го извади најдоброто од сега, во 53 натпревари постигна 16 голови и покажа дека има потенцијал за кој ќе се борат допрва големите екипи.

Се верува дека уште и Реал, Барселона, Јувентус, Интер и Челси го следат прогресот на Санчо.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top