ДОЖИВЕАЛ НЕРВЕН СЛОМ: Принцот Хари заврши на психијатрија

Принцот Хари завршил во психијатриска болница бидејќи наводно доживеал нервен слом, пишуваат странските медиуми..

Порталите повикувајќи се на магазинот Глоуб пишуваат дека состојбата на Хари со години се влошувала, а дека „капката која ја прелила чашата“ било одвојувањето од кралското семејство. заради тоа, наведува магазинот, принцот завршил на психијатриска клиника.

– Хари сам призна дека не може да верува колку му се променил животот и му се свртел наопаку. Меган го принудила да го отфрли своето семејство, пријатели за да може таа да го следи својот сон и да стане холивудска глумица – но тоа се претворило во негов најголем кошмар, изјави анонимен извор и додаде дека „Хари се чувствува изгубено и осамено во Лос Анџелес затоа што нема пријатели“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top