ДПА: Предлогот на ДУИ за консензуален претседател е замајување на јавноста

Доколку во Собранието пристигне предлог за предвремени парламентарни избори, ДПА е подготвена да го поддржи.

Доколку во Собранието пристигне предлог за предвремени парламентарни избори, ДПА е подготвена да го поддржи, изјави Имер Алиу за Алсат-М. Според него, предлогот на ДУИ за консензуален претседател и конфликтот околу него е само замајување на јавноста.

„Нека го поднесат предлогот во парламентот. Сигурно дека ние како опозициска партија не можеме да бидеме против предвремени избори, но сигурно дека причините за предвремените избори се различни од оние што бара ДУИ. Смешно е и шегување со Албанците да кажеш – бараме предвремени избори доколку Македонците не го прифатат македонскиот кандидат што им го нуди ДУИ. Доколку зборуваме за предвремени избори, ајде да зборуваме за реалните проблеми на граѓаните“, изјави Имер Алиу.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top