ДПА се враќа во Собранието

Тачи притоа нагласил дека конечната одлука за враќање на ДПА во парламентот ќе се одлучи на претстојниот конгрес на партијата кој ќе се одржи деновиве..

Лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија (ДПА), Мендух Тачи, на денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи последниот извештај за напредокот на Македонија од Европската комисија, го известил шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија дека пратениците на ДПА и официјално ќе се вратат во Парламентот.

Тачи притоа нагласил дека конечната одлука за враќање на ДПА во парламентот ќе се одлучи на претстојниот конгрес на партијата кој ќе се одржи деновиве.

- Тачи е многу задоволен што ЕУ и овојпат ѝ даде позитивна препорака на Македонија, бидејќи доколку не ја добиеше, државава ќе тргнеше кон слободен пад – изјави портпаролот на ДПА, Љуан Треси.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top