Др Снежана Џамбазова - Попорданоска одржа предавање во Кент Институтот во Мелбурн

Предавање на тема стрес во Кент Институтот во Мелбурн. Успесите на Др Снежана Џамбазова - Попорданоскаод ден на ден се се поголеми..

На 19 ти април 2018 година, на покана на директорот на Кент Институтот (Институт за бизнис менаџмент лоциран во центарот на Мелбурн), Др Снежана Џамбазова –Попорданоска одржа предавање на тема- Како да се справиме со стресот во денешниот модерен свет? На предавањето присуствуваа бројни студенти од различни земји во светот, како и повеќе универзитетски професори. Предавањето беше проследено со голем интерес. Посебен интерес предизвика дискусијата во врска со тоа како емоционалниот стрес може предизвика бројни заболувањата во телото. Присутните се здобија со знаење и практични техники за тоа како да се справат со стресот и да реагираат на стресни ситуации во животот на смирен и спокоен начин. Повеќе информации во врска со тоа како да се справите со стресот и да го надминете страдањето, можете да најдете во нејзината најнова книга  “Another Way of Living”која можетре да ја набавите на следната веб страна:www.anotherwaycoaching.com.au

Промоцијата на книгата “Another Way of Living”ќе се одржи во сабота, на 28 април, во 2.00 часот попладне во Mill Park Library, 394 Plenty Rd,Mill Park, VIC 3082.

Книгата“Another Way of Living”  е базирана на научни истражувања во областа на психилогијата и личниот развој, како и на повеќегодишното професионално искуство на авторката во нејзината работа со пациенти од различни култури, националности и религии. Оваа книга претставува прирачник за животот што содржи јасни пораки и моќни практични стратегии кои ќе ви помогнат да:

-  Ги надминете секојдневните стравови и страдања

-  Ги подобрите вашите комуникациски вештини

-  Одржувате позитивни врски со другите

-  Се самоспознаете

-  Постигнете само-реализација.

Исполнета со одговори на најважните животни прашања и проткаена со оригинални поетски творби, оваа книга ќе ви овозможи да ја надминете вашата емоционална болка и страдање и да го пронајдете внатрешниот мир, како и вистинската среќа во животот.

Др Снежана Џамбазова-Попорданоска, M.D, Ph.D., е доктор по медицина, советник и доктор на науки во областа на психологијата. Таа им помага на луѓето да го пронајдат сопствениот пат кон просветлувањето, кој се постигнува со себе-спознавање и внатрешен развој на љубовта. Овој пат кон нашето внатрешно богатство е отворен за сите оние кои ќе одберат да го чекорат.

За повеќе информации, посетете ја веб страната: www.anotherwaycoaching.com.au



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top