Драматична состојба со поплавите во Албанија

Вчерашните поплави во многу подрачја во Албанија продолжија и денеска, а регистрирани се уште две жртви, една на Патот на нацијата, а другата во градот Фиер.

Тројца елекричари во Скадар биле повредени при експлозија на електричен трансформатор. Најмалку 315 лица се евакуирани во еден трговски центар во Тирана и во Фуш-Круја. Премиерот Еди Рама излезе на теренот за да изврши увид во ситуацијата.

„Важно е тоа дека досега благодарение на операциите за спасување, особено во текот на ноќта кога беше навистина лошо, потоа денски е полесно. Се потрудивме да нема повеќе жртви во луѓе, за жал животот го загуби еден работник.“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Автопатот во насока Тирана-Драч е прооден, а од Драч кон Тирана се уште блокиран и се работи на негова санација. Од Министерството за одбрана ги повикаа жителите да ги напуштат објектите кои се наоѓаат во близина на речните корита. Поради невремето, прекината е наставата во цела Албанија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top