“ДРИМ ТИМ” СО РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ НА СВОИТЕ НАСТАПИ НИЗ АМЕРИКА

Голема успешна турнеја бележат момците од “Дрим Тим” кои се наоѓаат во Америка. Како што истакнуваат досега се со рекорден број на посетеност за празниците во Америка..

-Ние сме презадоволни од досегашната турнеја, за настапите во црквата Св.Никола во Њу Џерси. Сега сме во Чикаго, каде што вечерва настапуваме во еден од најубавите ресторани, “Скадарлија”. Што е најважно, се е пополнето. Утре заминуваме во Детроит каде што имаме приватна забава и повторно се враќаме во Чикаго, при што следуваат уште два настапи. Убаво ги поминуваме деновите со нашите иселеници , блиски пријатели или роднини кои навистина се прекрасни со нас, истакнува Сашко Велков, еден од најпознатите хармоникашки виртуози и член на “Дрим Тим”.

Како што додава Сашко, групата е презадоволна од сите нивни настапи, како и возбудата која ја имаат од големата гостопримливост и прифатеност на нашите македонци , иселеници во оваа далечна земја.

-Не има од секој крај на Македонија и верувајте секоја вечер имаме покана за вечера и прошетка кај блиски наши луѓе, што нека не ни замеруваат за недоволно време да направиме чест секому. Па и за крај, потрошивме некој долар, но знаете како е, дал Бог што посакувам кај секој од нас да е така. Ве поздравувам сите вас во мое име , во име на “Дрим Тим” и нашата колешка Сандра од Куманово која навистина е за пофалба и многу професионално ја заврши нејзината работа. Снимивме и еден видео запис во Њујорк но за тоа подоцна, додава Сашко.

Инаку , минатата година момците од “Дрим Тим” го издадоа нивниот  најнов албум насловен “Етно Балкан” кој го реализираа во соработка со ИН продукција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top