ДУИ го обвинува Таравари дека тендерот за аква парк бил однапред договорен

Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната гарнитура на локалната самоуправа дека манипулира со јавните набавки и при тоа ги прекршува постапките..

Градоначалникот Арбен Таравари ги отфрла овие наводи и децидно вели дека сé е според законските прописи.

Во последното соопштение до јавноста од гостиварскиот огранок на ДУИ наведуваат дека последниот тендер за избор на предлог проект за аква-парк бил однапред договорен.

–  Тендерот за изработка на идејно решение за Аква парк во Гостивар го доби фирма која го претходно го подготвила проектот, односно  пред да биде објавен огласот.  Во документацијата која е доставена јасно се гледаат фотографии што се направени во зимскиот период, а огласот за набавката е објавен во мај, стои во соопштението.

Градоначалникот Арбен Таравари овие обвинувања ги смета за нерагументирани и упати јавен повик до граѓаните да пријават неправилности, а увид во документацијата можат да направат секое време и доколку забележат неправилности да пријават во надлежни органи.

– Тендерот за Аква паркот беше за изработка на идејно решение, не за изградба на паркот. Изборот го направи комисија, а не јас. Знам дека најдобриот проект е на реномирана фирма од Скопје. И другите два проекти кои беа на автори од Гостивар беа одлични, но имаа недостатоци. изјави градоначалникот Таравари.

Од ДУИ посочуваат дека администрацијата на Таравари не ги прави јавните набавки на совршен начин како што се фалат, туку на тоа имаат забелешки и други институции. Како пример го наведоа неодамнешното решение на  Државната комисија за жалби на јавните набавки околу набавката за хоризонтална сигнализација на улиците и патиштата во Гостивар. Со тоа решение комисијата ја укина одлуката за избор на најповолна понуда и ја поништи постапката.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top