ДУИ има 5 главни столба за преговори со албанските партии

Откако не успеа идејата на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги собере албанските партии на заедничка средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори..

Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави денеска Бујар Османи за ТВ21.

„1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

За време на предизборната кампања коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива идејата на ДУИ за прв премиер Албнец е маркетиншки трик за да се привлечат повеќе гласови. По изборите од оваа коалиција најпрво велеа дека нема шанси за каква било заедничко влегување во коалциија со ДУИ за собраниско мнозинство, за да денеска претставници на АА кажат дека не ја исклучуваат можноста да учествуваат во влада со ДУИ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top