ДУИ: Немало средба Ахмети - Тачи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва демантира дека имало средба меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и претседателот на ДПА Мендух Тачи..

Во соопштението од ДУИ се демантираат вестите објавени во некои портали на албански јазик дека претседателот на партијата Ахмети имал средба со Тачи. Од ДУИ наведуваат дека медиумите што ја објавиле веста претходно требало да побараат став од кабинетот на Ахмети.

ДУИ бара од медиумите да ја повлечат, како што стои, лажната вест во корист на правилно информирање.

Дел од медиумите на лабански јазик објавија дека лидерите на ДУИ и на ДПА договориле соработка за вториот круг од локалните избори во некои општини.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top