Дукоски по телефон добил закани упатени за Боки 13: “Внимавај што ќе зборува Бојан”!

Адвокатот Сашко Дукоски вели дека денеска, пред Бојан Јовановски да биде спроведен во скопското јавно обвителство, за да поднесе кривични пријави, добил телефонски повик, со закани насочени кон Боки 13..

-Од непознат број ми се јави некој и ми се закануваше “Внимавај што ќе зборува”, па семејства ќе уништувал. Го прашав кој си, а ми врати: “Таму каде што сте внимавајте што ќе зборува тој (Бојан). Пак го прашав кој е, а тој ми рече: “Јас ти реков што имам да кажам а вие видете”…, појаснува Дукоски за “Фокус”.

Боки 13 и покрај заканите, денеска поднесе две кривични пријави, а на 3 јули повторно ќе се врати во обвинителството каде што планира да поднесе уште десетина кривични пријава против политичари и бизнисмени. Адвокатот Дукоски појаснува дека пријавите се поврзани со предметите “Рекет” и “Меѓународен сојуз”.

Јовановски неодамна беше осуден на 9 годишна казна затвор за случајот “Рекет”.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top