Дутерте: Ако докажете дека Господ постои, ќе дадам оставка

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, вети дека ќе поднесе оставка ако некој докаже дека постои Господ..

„Доколку постои еден сведок кој може да докаже, можеби со фотографија или селфи дека луѓето можат да зборуваат и да го видат Господ, веднаш ќе поднесам оставка“, рекол Дутерте.

Тој уште еднаш предизвика гнев во неговата земја во која живее претежно католичко население, пишува „Асошиејтед прес“ и додава дека ја налути јавноста и кога го нарече Господ глупав.

Пред еден месец, Дутерте бакна омажена Филипинка во Јужна Кореја и по реакциите во јавноста рече дека ќе поднесе оставка ако доволно жени потпишат петиција против него.

Дутерте изјави дека со својот потег имал намера само да ја забавува публиката.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top