Два дена по објавени аудио снимки: Украинскиот премиер поднесе оставка

Украинскиот премиер Олексеј Хончарук поднесе оставка од функцијата, јавуваат странските медиуми. Претседателот Володимир Зеленски е запознат со таквиот потег на досегашниот претседател на Владата и најави дека ситуацијата ќе биде дополнително разгледана..

„Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка“, напиша Хончарук на Фејсбук.

Одлуката на Хончарук доаѓа по два дена од објавата на аудио снимки во кои се слуша неговиот глас за време на состаноци со неколку министри кои ги насочува како да зборуваат за економијата со претседателот за кој како што вели „не ги разбира економските работи“.

Материјалите што излегоа во јавноста за Хончарук се монтирани фрагменти од неколку владини состаноци со цел да се создаде впечаток дека неговиот тим не го почитува претседателот Зеленски.

Хончарук ја презеде Владата во август лани како најмлад премиер во историјата на Украина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top