Двајца киднапирани француски новинари се убиени во Мали

Телата на киднапираните новинари биле пронајдени во близина на Кидал.

Двајца француски новинари, кои денеска беа киднапирани во северниот дел на Мали, се убиени, соопшти претставник на локалните власти, безбедносните сили и извори од туарешката сепаратистичка група.

- Неколку минути откако започна потрагата по киднаперите на двајцата Французи, бевме информирани дека телата на заложниците биле пронајдени со прострелни рани надвор од Кидал, соопшти префектот на градот Тинзаватен.

Висок претставник на туарешките сепаратисти, кои се активни во реонот, потврди дека телата на киднапираните новинари биле пронајдени во близина на Кидал.

Новинарите Жислен Дјупон и Клод Верлон од француското радио Ер-Еф-И денеска беа киднапирани од вооружени лица во центарот на Кидал. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top