Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата, а извори велат дека и двете претрпеле сериозни невролошки проблеми..

Фирмата објави детали од истражувањето во саботата, откако се соочи со низа критики за недостаток на транспарентност кога станува збор за испитувањето.

„АстраЗенека“ вакцината ја развива во соработка со универзитетот Оксфорд, а претходно една од волонтерките се разболе откако во јули примила доза од потенцијалната вакцина.

Имено, подоцна на една жена и беше дијагностицирана ретка болест која влијае на ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи слабост, сензорни промени и дисфункција на автономниот нервен систем.

Портпаролката на компанијата за медиумите потоа изјави дека волонтерката имала недијагностицирана мултиплекс склероза, па испитувањето продолжило.

Друга волонтерка имала компликации откако примила доза од вакцината во септември. „АстраЗенека“ не ја потврди нејзината дијагноза, но извор за „Њујорк Тајмс“ рекол дека станува збор за истото невролошко заболување како волонтерката од првиот случај.

Истражувањето било запрено на 6 септември, откако се разболела и втората жена, но во Велика Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка, продолжило само по една недела. САД, сепак, сè уште не даваат зелено светло за да продолжи тестирањето.

„АстраЗенека“, својата потенцијална вакцина ја примени врз околу 18.000 луѓе ширум светот, а во внатрешните документи вели дека двата случаи на заболување „веројатно не биле поврзани со вакцината односно дека нема доволно докази и не може со сигурност да се каже дали болеста е поврзана со вакцината или не“.

Станува збор за сериозна и ретка болест, а нејзината појава меѓу волонтерите во истражувањето може да доведе до тоа компанијата да ја загуби трката за развој на вакцина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top